Најдобрите 32 селекции почнаа да разигруваат за што повисок пласман на овој мундијал, а во меѓувреме значаен дел од оние репрезентации кои не се пласираа во нокаут рундата веќе почнаа со „ремонт“, почнувајќи од селекторската функција.
Мирослав Коубек е последниот во низата стратези што добија отказ на овој мундијал, откако 74-годишниот стратег со Чешка испадна во првата фаза. Групата навидум не беше премногу тешка, но Чесите загубија од Мексико и од Јужна Кореја, ремизираа 1-1 со Јужна Африка и го освоија последното место, што резултираше со смена на кормилото.
„Постигнавме договор за да ја прекинеме соработката со селекторот Коубек. Тој ја приложи својата оставка, што беше прифатена од наша страна“, изјави првиот човек на федерацијата, Давид Трунда.
Најдобриот напаѓач на чешкиот состав, Патрик Шик, веќе објави дека заминува во репрезентативна пензија откако постигна 26 гола на 56 средби за овој национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
