Уште една сензација во Токио – Белгија ја уништи фаворизираната Австралија

Женската белгиска кошаркарска репрезентација ја шокираше Австралија со 85-70 во првиот натпревар од групната фаза на олимпискиот турнир во Токио. Белгијките одиграа неверојатно второ полувреме во кое успеаја да ја анулираат предноста на противникот на полувреме и на крајот да стигнат до убедлив триумф од 85-70.

Ема Месеман со 32 поени беше убедливо најдобар поединец на паркетот, додека кај Австралија недоволни беа 20 поени на Магбегор.

 

Се вчитува...