Уште една „црно-бела“ трансфер-бомба: Партизан го потпиша и третото засилување

Партизан формира моќен тим за напад на трофејот во АБА-лигата, откако тренерот Жељко Обрадовиќ за само неколку дена го потпиша и третото засилување. По Кевин Пантер и Алекса Аврамовиќ, од вечерва нов член на белградските „црно-бели“ е и американскиот центар Зек Лидеј.

Исто како Пантер, и Лидеј потпиша за Партизан од редовите на Олимпија Милано, тим со кој минатата сезона настапуваше во Евролигата. Станува збор за одличен играч во борбата под обрачите, кој во просек во Евролигата постигнуваше по 10 поени и 4,5 скокови по натпревар, додека во италијанското првенство имаше уште подобар просек, од 15,8 поени и 6,2 скокови по натпревар.

Зек Лидај кариерата ја почна на Универзитетот Вирџинија Тек, додека во европската кошарка има настапувано за Хапоел Гилбоа, Олимпијакос, Жалгирис и за Олимпија Милано.

Се вчитува...