Уште една „ѕвезда“ на Атлетико Мадрид позитивна на коронавирус

Нема крај за проблемите за Диего Симеоне откако и Муса Дембеле се покажал како позитивен на последните спроведени тестови во Атлетико Мадрид. Дембеле се приклучи на листата ковид позитивни откако вчера беше обелоденето дека и Жоао Феликс е позитивен, а претходно во изолација заминаа и Хермосо и Караско.

Муса Дембеле веднаш заминал во изолација каде ќе биде во следните десет дена.

 

Се вчитува...