Уште едно „дете на Рома“ го напушти „Олимпико“

Рома продолжува со откажувањето на фудбалерите кои важат за „деца на клубот“. Се почна кога Франческо Тоти влезе во војна со актуелната управа на римскиот клуб, продолжи кога на долгогодишниот капитен Даниеле де Роси не му беше понуден нов договор за да остане уште една сезона и на „Олимпико“ да ја заврши кариерата, а сега среќата надвор од Рим ќе ја побара и Алесандро Флоренци.

Италијанскиот репрезентативец имаше минорна минутажа кај тренерот Фонсека, па откако му стана јасно дека нема шанси да стане стандарден првотимец реши да си замине. Валенсија е клубот каде Флоренци ја продолжува кариерата, откако шпанскиот прволигаш ги договори условите за шестмесечна позајмица на италијанскиот репрезентативец.

Воедно, договорено е Валенсија летово целосно да го откупи Флоренци за 15 милиони евра доколку во следните месеци успее да се избори за влез во Лигата на шампионите.

Се вчитува...