Уште едно кошаркарско предавство – си замина од Барселона и ќе потпише за Реал Мадрид

Адам Ханга е најновиот кошаркар кој направи „предавство“ на шпанската сцена заминувајќи од Барселона за да се пресели во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид.

Унгарскиот репрезентативец имаше значајна улога во ротацијата кај тренерот Јасикевичиус, но самиот бараше да му биде дозволено да ги смени клупските бои летово. За разлика од плејмејкерот Ертел, кој беше суспендиран и натеран да тренира со младинците, Барса не се реши на таков потег со Ханга, па денеска беше официјално објавен раскинот на договорот.

Овој кошаркар веќе има „дил“ за тригодишна соработка со Реал Мадрид, договор што се очекува да биде потпишан во наредните 48 часа. Тој ќе биде четврто засилување на „кралевите“ за наредната сезона, по Томас Ертел, Американецот Најџел Вилијамс – Гос и францскиот интернационалец Гиршон Јабуселе.

Се вчитува...