Мега талентот на Барселона Абдесамад Езалзули го одби повикот од репрезентацијата на Мароко за настап на Афричкиот куп на нации кој започнува за десетина дена во Камерун со цел да добие повик од репрезентацијата на Шпанија, пренесуваат шпанските медиуми.
Според „Марка“, бисерот на Барселона Фудбалската федерација на Мароко ја известил преку писмо за неговите цели па и покрај тоа што е роден во Бени Мелал нема намера да настапи за татковината.
Популарниот Абде оваа и претходната година одигра вкупно пет натпревари за јуниорската репрезентација на Мароко и на пет натпревари постигна два гола. За оваа сезона реализираше трансфер во Барселона каде досега одигра осум натпревари во шпанското првенство на кои еднаш ја затресе мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА