Уште само три дена пријава по промотивни цени на „Охрид трчаТ 2019“

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на Aтлетскиот викенд „Охрид Трчат 2019“, кој ќе се одржи на 2. јуни истекува за помалку од четири денови, односно на 31. март.

Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката изнесува 500 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет изнесува 800 денари.

Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид трчаТ можете да најдете на официјалната интернет страна (www.ohridtrcat.mk).

Се вчитува...