Усман Дембеле ќе биде првата ѕвезда на Њукасл?

Фудбалерот на Барселона Усман Дембеле најверојатно ќе биде првата коцна од сложувалката на „новиот“ Њукасл, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот на францускиот репрезентативец со Барселона истекува во летото 2022 година и доколку не пристигне нова, побогата понуда на неговата адреса од каталонскиот клуб ќе го напушти тимот.

Со оглед на финансиските потешкотии, како и формата и постојаните повреди на Дембеле не се очекува ниту од Барселона да ги исполни желбите на 24-годишникот. Напаѓачот пристигна на „Камп Ноу“ како огромно засилување на кое требаше да се темели тимот, но во четири години настапи на само 118 натпревари.

Усман Дембеле својата кариера ја започна во младите категории на Рен, а по сениорските настапи за францискиот клуб следеше трансфер во Борусија Дортмунд каде со своите одлични настапи осигура трансфер од 105 милиони евра во Барселона. Каталонците за неговите „услуги“ доплатија уште 40 милиони евра во бонуси.

Се вчитува...