Успешна промоција на „Охрид трчаТ“ во Мостар (ФОТО)

Најголемата спортска манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ имаше повеќе од успешна промоција на полумаратонот во Мостар кој се одржа изминатиов викенд. Ова е прва промоција од неколкуте на Охрид трчаТ во пресрет на третото издание кое ќе се одвива на 31. мај, 1. и 2. јуни во Охрид. Експедицијата на Охрид трчаТ броеше 15 членови.

„Охрид и Охрид трчаТ во Мостар, наша желба беше уште од минатата година, тимот кој броеше 15 тркачи, професионалци и рекреативци, имаше повеќе од успешно преставување во Мостар на спортската манифестација Мостар полумаратон. Повеќето трчавме на рекреативната трка додека четворица трчаа на полумаратонот и нашиот најмлад член Михаил на детската трка, сите успешно ги завршија трките и притоа, верувајте, многу се забавуваа. Покрај овој да го наречам спортски дел Охрид трчаТ имаше преставување за време на Мостар ЕКСПО, имавме многу разговори и градевме многу планови за во иднина со повеќе спортски организации кои се организатори на вакви настани и посебно би сакал да истакнам дека имаме и неколку плодни разговори и со туристички агенции кои го развиваат активниот туризам од неколку држави од Балканот кои беа заинтересирани за соработка со нас и Охрид. Покрај целиот овој официјален дел имавме можност и да се запознаеме со убавините на Мостар, град на УНЕСКО, град кој покрај целото турболентно минато во децениите наназад одлучил да продолжи напред и да гради многу нови пријателства, одлучил да живее и да промовира вредности кои значат подобра иднина за сите жители на Мостар“ – изјави Иван Цветкоски, директор на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ.

Тој додаде дека следна промоција Охрид трчаТ ќе има во април месец во Дубровник  со учеството на  „Du Motion Running Days“, каде градот и најголемата спортска манифестација во Охрид ќе бидат промовирани пред 60 држави.

Пријавувањето за учество на Охрид трчаТ е во тек и може да се потврди на официјалната страна ohridtrcat.mk.

Се вчитува...