Успешна шок-терапија за Металург против Пролет

Металург во рамките од третото коло во плејофот од ракометниот шампион стигна до втората победа, овојпат на гостински терен против градскиот ривал Пролет со резултат 26-32. Фијаското на дербито со Работник по кое следеше и оставка на тренерот Брестовац дефинитивно ги разбуди „металурзите“, кои експресно се вратија на победнички патеки.

Ветеранот Даниел Дупјачанец блесна уште во почетните десет минути, јасно ставајќи им до знаење на ракометарите на Пролет дека ќе имаат мака да го најдат патот до неговата мрежа. Домашните ракометари умешно парираа до 10-10, за потоа Металург со серија од четири гола подобро да го финишира полувремето и на одмор да замине со 12-16. Пролет се обидуваше да стори нешто повеќе во вториот дел, но Металург умешно ја одржуваше тешко стекнатата предност. Гостинскиот состав не дозволи да се влезе во неизвесна завршница, домаќините дојдоа само до „минус два“, но следеше нова мини-серија со која „металурзите“ ставија печат на победата, изразена со конечни 26-21.

Танкоски и Шпенде постигнаа по пет, а Димитриоски четири гола за Металург, додека најефикасен во таборот на Пролет при денешниот пораз беше Андоновски со пет погодоци.

Се вчитува...