Ковентри во драматично шутирање на пенал серијата во најскапиот натпревар на светот, е поразен од Лутон Таун во меч за пласман во Премиерлигата. Победникот од тој меч освен пласман во Премиерлигата, добива и најмалку 200 милиони евра награда.
И како што е вообичаено, оној кој не успева да обезбеди пласман во Премиерлигата, потоа се соочува со заминувања од екипата, затоа што клубот веќе не може да го плаќа. Кај Ковентри таа судбина ја доживеаја седум играчи, а еден од нив е Фанкату Дабо, најголемиот трагичар во битката за пласман во „елитата“.
Дури 12 фудбалери шутираа пенал во серијата, а само Дабо го промаши, и токму тоа беше одлучувачко за победникот, односно тоа беше пеналот кој го испрати Лутон во Премиерлигата. Дабо досега беше стандарден, запиша 131 настап за Ковентри, во кој стигна во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА