Уве Генсхајмер се враќа во Рајн Некар-Левен. По завршувањето на актуелната сезона, германскиот репрезентативец го напушта Пари Сен Жермен и се враќа во родната земја. Со Рајн Некар потпиша тригодишен договор, до летото 2022 година. Гејнсхајмер пракично се враќа во матичниот клуб во кој мина 13 година, од 2оо3 до 2016 година.
„Се радувам на врќањето дома. „Лавовите“ се во моето срце и за време на престојот во Париз постојано бев во контакт со клубот. Манхајм е мојот роден град, а Рајн Некар е мојот клуб и многу се радувам што во следните неколку години повторно ќе го носам жолтиот дрес“ – изјави на денешната промоција капитенот на гермнаскиот национален состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА