МЗТ Скопје лесно и убедливо триумфираше на гостувањето против Куманово со резултат 61-80, во увертирата за полуфиналната серија од плејофот меѓу овие два тима. Мечот беше без никакво посериозно значење бидејќи шампионот и во случај на пораз ќе останеше на првото место, додека кумановци по поразот на Кожув од Карпош соколи си ја осигураа четвртата позиција и учеството во плејофот.
Таква, играчите на двата тима одиграа една растоварена средба, без никаков притисок, при што далеку подобро се снајдоа гостинските кошаркари. Сите дилеми околу победникот беа разрешени уште во првото полувреме, во кое домаќините одиграа очајно во одбраната, па МЗТ дојде до огромна предност од 31-47. „Металците“ рутински го одиграа и третиот период, во 29. минута со тројката на Дреновац првпат стигнаа до предност од 20 поени (44-64), за во последната четвртина да се влезе со убедливи 44-67 за актуелниот првак.
Преостанатите десет минути беа рутина, МЗТ во еден момент имаше и 27 поени предност, за кумановци кон крајот да ја ублажат негативата и овој натпревар да заврши со конечни 61-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА