Ужас во Лион: Фудбалер на Евертон остана неподвижен на терен… (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Лион и Евертон во рамките на Лигата на Европа, кој заврши со победа на Лион од 3-0, беше одбележан и со непријатната ситуација во 43. минута кога гостинскиот десен бек Мартина по еден дуел со офанзивецот на домашните Максвел остана неподвижен на теренот.

Максвел веднаш се обиде да го „раздрма“, но Мартина остана неподвижен. Ужасната ситуација траеше околу пет минути. Мартина остана да лежи без свест, натпреварот секако прекинат повеќе од десет минути, но по лекарската интервенција гостинскиот фудбалер сепак се врати, па свесен го напушти теренот на носилки со силни аплаузи од гледачите…

Се вчитува...