Кога Лирој Сане реши да си замине од Баерн и го избра Галатасарај за нова дестинација во кариерата, бројни стручњаци порачаа дека тоа треба да биде и крај на неговата репрезентативна кариера бидејќи нивото на игра во оваа земја е далеку под она за да се биде во топ-ритам цела сезона.
Нагелсман реши да не ги послуша, па не само што го вклучи Сане во својот список, туку на поранешниот миленик од Баерн гледаше како на прва опција за десно крило.
А Сане потклекна против Парагвај, одигрувајќи го можеби и најслабиот меч во својата репрезентативна кариера.
Бројките говорат најдобро: 0/7 во обидите за дриблинг, 0/8 во прецизност на испратените центаршутеви и само еден победен дуел од вкупно деветте на натпреварот.
По вакво издание во најважниот меч на репрезентацијата, јасно е зошто многумина повикуваат Сане никогаш повеќе да не заигра за Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
