Страшни вести пристигнуваат од Апенинскиот полуостров, откако беше обелоденето дека младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди, се бори за живот откако имал мозочно крвавење.
Риналди, кој следниот месец треба да наполни 20 години, се пожалил дека не се чувствува добро, а по првите детални прегледи станало јасно дека ситуацијата е крајно сериозна, па тој експресно бил префрлен во одделот за интензивна нега во болницата во Варезе.
Според првичните информации, состојбата на Риналди се опишува како крајно сериозна, а лекарите водат тешка борба за да го спасат неговиот живот.
Младиот фудбалер сезонава ја мина на позајмица во четвртолигашот Лењано и беше меѓу најзаслужните што оваа екипа беше пред промоција во третата италијанска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА