Победата на Бразил против Хаити остана во сенка на повредата на Рафиња, кој на крајот на првиот дел го напушти натпреварот поради повреда. Играчот на Барселона ја повреди задната ложа, и ќе мора да паузира.
Изненадувачки, Рафиња падна на тревата и се држеше за задната ложа, и побара помош. Веднаш му е пружена помош, а одлуката е да го напушти натпреварот.
Сè уште се очекуваат дополнителни тестови за да се утврди степенот на повредата, а сите стравуваат дека Светското првенство е завршено за Рафиња.
„Тажни сме. Се надеваме дека не е ништо сериозно, и дека ќе може да биде со нас“, изјави Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
