Вајли: И покрај многуте проблеми верувам дека можеме да ја добиеме Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација во петок ги продолжува квалификациите за Светското првенство 2023. Во вториот прозорец на ФИБА силите ќе си ги одмериме со Грузија, прво на гости во петок, а потоа во недела во СЦ „Борис Трајковски“.

Нашата репрезентација повторно нема да биде компелтна бидејќи поради повреди отпаднаа голем број на играчи па младите ќе имаат шанса да се докажат во сениорскиот дрес. Сепак во тимот има и искусни кошаркари, а еден од нив е Џејкоб Вајли кој вели дека

„Верувам во групата и покрај многуте повреди кои ни го попречија патот. Имаме силен и отпорен тим. Нема да биде лесно, па мора да бидеме најдобри. Сакаме и мислам дека можеме со многу борба да ги добиеме двата натпревари со Грузија“, изјави Вајли. 

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија ќе се игра во петок во Тбилиси во 16 часот.

Се вчитува...