Вајперс го совлада фаворитот Ѓер и ја одбрани титулата во ЛШ

Ракометарките на норвешкиот Вајперс Кристијансанд ја одбранија титулата во Лигата на шампионките, откако во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта успеаја да слават над домаќинот и голем фаворит Ѓер со 31-33.

Натпреварот почна во егал игра, а први успеаја да направат поголема предност Унгарките кои по 15 минути игра стигнаа до плус три 8-5. Сепак, Норвежанките одиграа неверојатно до крајот на првото полувреме по кое имаа предност од 13-15.

Одличната игра продолжи и во вториот дел, а по десет минути игра Вајперс за првпат успеа да стигне до највисоките плус четири 17-21. До крајот неверојатна на голот беше Катрин Лунде која го одведе својот тим до конечен триумф од 31-33 и нова титула во Лигата на шампионите.

Маркета Јерабкова со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ане Мете Хансен заврши со шест гола.

За Вајперс ова е втора титула во елитното натпреварување, откако минатата сезона стигна до првиот трофеј во ЛШ. Ѓер останува на третото место на вечната листа со пет трофеја, а пред унгарскиот тим се само австрискиот Хипо и украинскиот Динамо Киев.

Се вчитува...