Вака не оди: Флорентино Перез ќе го одврзе ќесето за Погба

Реал Мадрид имаше очајна сезона, а ниту во претсезоната не покажува дека нешто се променило. „Кралевите“ загубија со 3-7 од градскиот ривал Атлетико Мадрид, во првото полувреме примија пет гола и тоа е аларм за претседателот Флорентино Перез да му ја исполни желбата на тренерот Зинедин Зидан. Францускиот стратег го посакува Пол Погба како освежување во средниот ред.

Реал Мадрид малку се повлече, но сега повторно ќе се активира во трката за Погба. Манчестер Јунајтед бара 160 милиони фунти за негов трансфер, но Перез ќе се обиде да ја симне таа сума и да вклучи барем уште еден фудбалер во пакет-понудата. Тоа ќе биде последниот обид за Пол Погба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Претходно Реал беше поврзуван и со Кристијан Ериксен од Тотенхем, но јасно е дека Флорентино сака да го доведе Погба наместо данскиот интернационалец.

Се вчитува...