Вака се прават пари во ракометот: Киелце го продаде Скубе за 200.000 евра, без да заигра за полскиот клуб

Монпелје денеска и официјално го промовираше Сташ Скубе за свое големо засилување за наредната сезона, потпишувајќи тригодишен договор со поранешниот ракометар на Вардар почнувајќи од јули 2022 година. Францускиот тим се подготвува за разделба од Диего Симонет, а во Скубе гледа идеален наследник на аргентинскиот ас на позицијата среден бек.

Она што е интересно е фактот дека Скубе веќе имаше потпишано договор со полскиот гигант Киелце за стартот од наредната сезона и летово требаше да се пресели во тимот предводен од Талант Душебајев. Сепак, интересот на Французите беше огромен, а откако Скубе се согласи на личните услови, челниците на Монпелје беа принудени да преговараат со Киелце за откуп на договорот со Словенецот.

На крајот, газдата Бертус Сервас се согласи на отштета од 200.000 евра, извонредна сума за ракометни услови, особено ако се земе во предвид дека парите се заработени без Скубе да одигра ниту еден меч за Киелце.

Се вчитува...