Вака веќе не оди: Вест Хем го шутна тренерот

Раководството на Вест хем конечно го загуби трпението со Нуњо Еспирито Санто и му врачи отказ на португалскиот стратег по слабиот старт на сезоната во Чемпионшип-дивизијата.

Португалецот беше пред отказ откако со „чеканите“ испадна од Премиер-лигата, но челниците на клубот тогаш во последен момент се премислија и решија да му дадат шанса експресно да го врати клубот во елитното друштво.

Вест Хем влезе во серија слаби резултати, на последните две средби загуби на домашен терен од Саутемптон и од ВБА, што беше знак за палење на алармот. Овојпат управата не покажа трпение, носејќи одлука за разделба од 52-годишниот Португалец.

Ставот е јасен, „чеканите“ задржаа огромен дел од клучните играчи и се очекува камбек во Премиер-лигата, а тренерот беше посочен како главен виновник за новата резултатска криза и паѓањето на осмото место на табелата.

„По темелната анализа на стартот на сезоната во Чемпионшип-дивизијат,а бордот на директори смета дека е неопходна промена за да се остварат зацртаните цели. Затоа, мму благодариме на Нуњо Еспирито Санто за досеегашната работа и му посакуваме многу среќа во иднина“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Се вчитува...