Ваков циркус не се памети: Министерка ја суспендираше цела фудбалска репрезентација

Неверојатна приказна доаѓа од Купот на Африкански Нации, откако политичката власт во Габон реши грубо да се вмеша во функционирањето на фудбалската федерација, целосно суспендирајќи ја фудбалската репрезентација во оваа африканска земја.

Причина е катастрофалниот резултат на Габон на Купот на Африкански Нации, натпреварување што оваа селекција го заврши со три порази во групата. Поради ова, беше донесенна одлука целата репрезентација да се суспендира, селекторот Тиери Мујума да добие отказ, а двајццата клучни првотимци, Бруно Екуле Манга и Пјер Емерик Обамејанг да се исклучат од тимот на неодредено време.

„Со оглед на срамниот настап на нашите „пантери“ на КАФ, Владат аодлучи да го распушти целокупниот стручен штаб и фудбалската репрезентација додека не донесеме поинаква одлука. Исто така, Манга и Обамејанг се исклучени од тимот на неодредено време“, објави Министерката за Спорт на Габон, Симпличе, Дезире Мамбула.

Не се чекаше многу на одговор од Обамејанг, кој на својот профил на твитер објави: Мислам дека проблемите во екипата се многу подлабоки од еден поединец како мене.

На потег е ФИФА, која во јавноста прокламира нулта толеранција за мешање на политиката во фудбалот, па останува да се види каква санкција ќе заработи Габон за ваквата реакција на највисоките политички челници во државата.

Се вчитува...