Реал Мадрид важи за „миленик“ на шпанските арбитри, но никогаш досега не е забележано „кралевите“ да имаат три одлуки во своја полза за само десетина минути игра, кои помогнаа гигантот да се врати од негатива од 0-2 против „фенерџијата“ Алмерија.
Алмерија имаше водство од 0-2 по првото полувреме, но Реал намали на 1-2 со пеналот на Белингем, откако ВАР реагираше и го повика судијата за играње со рака на еден гостински дефанзивец.
Гостинскиот тим само неколку минути подоцна постигна и трет гол, но и тоа беше запрено и поништено со ВАР, поради фаул во почетокот на акцијата за кој главниот судија беше на само два метри од случката, но не го санкционираше во прв момент.
Арбитрите сепак се надминаа кога Винисиус постигна очигледно гол со рака, главниот арбитар во прв момент го поништи, но ВАР-судиите го повикаа по трет пат, убедувајќи го дека Бразилецот всушност играл со рака иако снимката покажа нешто поинаку.
Спорниот гол на Винисиус можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА