Вакво нешто немате видено: Фудбалер од Чемпионшип веќе го има голот на сезоната! (ВИДЕО)

Неверојатен момент го одбележа натпреварот меѓу Бирмингем и Бристол во рамките на второто коло од Чемпионшип лигата. Напаѓачот на гостинскиот тим, Доминик Балард, постигна спектакуларен гол кој долго ќе се прераскажува на фудбалските терени.

Иако во клучниот момент беше свртен со грб кон противничкиот гол, младиот напаѓач покажа врвна снаодливост и фантастичен рефлекс. Балард упати неверојатен и неочекуван удар со пета, испраќајќи ја топката директно во поблискиот агол од мрежата на домаќините.

Birmingham City 1-[2] Bristol City -Dom Ballard goal of the season contender 85'
byu/PopeSouthpaw inChampionship

Се вчитува...