Двократниот европски шампион Вардар во среда ќе го пречека Мелсунген во последниот натпревар сезонава за скопскиот клуб во Лигата на шампионите. За жал вардарци веќе немаат шанси за пласман во следната фаза во елитата, но убедливата победа на гостувањето кај Нант донесе позитивна атмосфера во таборот на „црвено-црните“.
На официјалната прес-конференција говореше и голманот Милош Валах кој го најави натпреварот против бундеслигашот…
„Го играме нашиот последен меч во ЛШ. За нас шансите се загубени, а Мелсунген игра за пролаз понатаму. Сепак сакаме да завршиме со две победи сезонава, и гладни сме по мечот со Нант. Се подготвуваме бидејќи е многу важна недела пред нас и се надевам дека ќе завршиме со победа“, изјави Валах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
