Валдано има совет за Реал: Роберто Мартинез е подобро решение од Конте

Реал Мадрид е на крстопат по лошиот старт на сезоната, а дебаклот од Барселона (5-1) во „Ел Класико“ и дефинитивно ќе му пресуди на актуелниот тренер Хулен Лопетеги. Се очекува само и официјално да биде потврдено од клупските структури дека тој ќе добие отказ, а шпанската јавност веќе се занимава со неговиот наследник. Медиумите објавија дека Италијанецот Антонио Конте во текот на денот ќе биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на „кралевите“, но поранешниот спортски директор Хорхе Валдано има поинакво мислење. Тој има друг „пик“.

„Според мене, подобра опција е Роберто Мартинез, тој подобро се адаптира и мислам дека може побрзо да ја извлече екипата со овие фудбалери. Што се однесува до Лопетеги, мислам дека беше јасно како нема поддршка и веќе неколку седмици се чекаше овој пораз од Барселона за да биде сменет“, изјави Валдано.

Се вчитува...