Валдес се скара со Клајверт и доби отказ во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона го отпушти Виктор Валдес кој само три месеци беше на чело на младинскиот тим. Како што пренесуваат шпанските медиуми причината е неговиот конфликт со директорот на „Ла масија“, Патрик Клајверт.

Валдес и самиот беше дел од прочуената школа на Каталонците, а шанса во првиот тим му пружи Радомир Антиќ во сезоната 2002/2003. Следната сезона беше прв избор на голот на Барселона која по шест години успеа да стигне до титулата во Ла лига. За тимот од „Камп ноу“ Валдес забележа 539 натпревари и освои шест титули во Ла лига и три во Лигата на шампионите.

Негова замена во младинскиот тим на Барселона ќе биде Франк Артиги кој исто така потекнува од Ла Масија.

Се вчитува...