Валенсија е првиот финалист во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Валенсија е првиот финалист во Копа дел Реј, откако вечерва славеше на домашен терен против Атлетик Билбао со минимални 1-0 и со вкупни 2-1 стигна до мечот за трофеј во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 43. минута кога Гонсало Гуедеш стрелаше прецизно и со тоа му донесе финале на клубот од „Месталја“. Во финалето „лилјаците“ ќе играат со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Бетис и Рајо Валјекано кој на програмата е утре. По првиот меч Столе Димитриевски и неговите колеги имаат негатива од 2-1.

 

 

Се вчитува...