Валенсија на работ на финансиски колапс

Надлежните во градот Валенсија вршат притисок клубот што побрзо да го изгради новиот стадион „Месталја“, кој е во мирување за изградба од 2009 година. Клубот доби рок да го финишира проектот за три месеци, но тоа едноставно не е можно за толку краток рок.

Фудбалскиот колектив и онака е задолжен, па сега нема дополнителни пари за новиот стадион. Валенсија има долг 400 милиони евра, од кои 212 мора да се подмират во најкраток можен рок. Само во изминатта сезона долговите се зголемија на 31,2 милиони. Неодамна клубот доби 51 милиони евра од медиумските права за покривање на трошоците.

Изградбата на новиот стадион „Ноу Месталја“ почнаа во 2007 година, беше предвидено отворање во 2010 година, но во 2009 работите застанаа поради финансиски проблеми.

Валенсија последен пат се радуваше на титула пред 17 години, а во 2000 и во 2001 година играше финалиња во ЛШ, но ги загуби и двете. Најпрво од Реал Мадрид, а потоа и од Баерн Минхен.

Се вчитува...