Валенсија ново спортско жариште на коронавирусот: Петмина заболени од Covid 19

Шпанскиот прволигаш Валенсија е новото жариште во светот на спортот на коронавирусот. Клубот објави дека во своите редови има дури петмина позитивни на вурусот Covid – 19. Сите се веќе во изолација и во моментот се чувствуваат добро.

„Клубот има комплетна доверба во здравствениот сиетем, ќе ги почитува сите препораки на Министерството за здравство и сите кои покажуваат знаци на инфекција од коронавирусот или биле во близок контакт со нив, се испратени во изолација. Уверени сме дека солидарноста, одговорноста и натчовечките напори ќе помогнат да се надмине пандемијата“, објавија од Валенсија.

Првиот кој беше позитивен на коронавирусот во текот на претпладнето беше аргентинскиот интернационалец Езекиел Гарај. Но, бројката во Валенсија се зголеми на петмина заболени.

 

Се вчитува...