Валенсија зема „кралски скалп“ и дојде на чекор до ЛШ

Валенсија го совлада Реал Мадрид на „Месталја“ со 2-1 и дојде на чекор до позиците кои водат во Лигата на шампионите. Скалпот на „кралевите“ е секогаш скапоцен, а „лилјаците“ стигнаа до 46 бода и се сместија на петтата позиција, со само еден бод негатива во однос на четвртопласираниот Хетафе. Реал Мадрид остана на третото место со 57 бода, пет помалку од Атлетико Мадрид, а ова е прв пораз за Зинедин Зидан по враќањето на клупата.

Гонкало Гуедеш во 35.минута донесе предност за Валенсија, а Езекиел Гарај во 83.минута зголеми на 2-0. Во судиското продолжение, Карим Бензема го постигна почесниот погодок за гостите.

Се вчитува...