АП Брера Струмица по четири рунди натпревари во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига е единствениот тим со исто толку победи. Струмичани денеска во 5. коло ги очекува гостувањето против Брегалница во Штип која, пак, има две победи од исто толку дуели на домашен терен.
Тренерот на АП Брера, Џовани Валенти верува дека неговиот тим повторно ќе одигра квалитетен дуел, потенцирајќи дека му било соопштено како овие натпревари меѓу двете екипи секогаш се дерби натпревар. Затоа е сигурен дека навивачите ќе уживаат во средбата…
„Ми кажаа дека мечевите со Брегалница секогаш се дерби натпревари, а дека Брегалница игра одлично на домашен терен каде секогаш атакува на победа. Верувам дека ќе биде убав натпревар, а ние ќе продолжиме во ист ритам. Сакам да видам дека нашиот начин на игра може уште да се подобрува. Да веруваме во тоа што го работиме и тоа што сакаме да го играме“ – вели италијанскиот стратег.
Што се однесува до составот, Валенти со став…
„Сигурно ќе има ротации во тимот поради тоа што имаме три натпревари за само шест дена. Во еден таков ритам, во кој се чувствува и замор кај нашите млади играчи, мора да има промени во составот. Секако дека сме задоволни од победата над Тиквеш, но желбата е да се продолжи на ист начин“ – истакнува Валенти.
ПМФЛ – 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ГОСТИВАР
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
01.ноември 2023
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА