Валмир Нафиу се сели во Кошице, веќе тренира и игра мечеви за Словаците (ФОТО)

Откако стана познато дека за Валмир Нафиу нема иднина во редовите на Шкендија, крилниот офанзивен фудбалер во следните шест месеци ќе биде дел од словачкиот тим Кошице. Тој веќе и игра пријателски натпревари за оваа екипа, и денеска треба да биде промовиран за ново име.

Нафиу во последните пет години беше дел од Шкендија, но оваа зима тетовските „црвено-црни“ го замрзнаа неговиот статус, и тој наместо во Анталија, остана да тренира во младинците на тетовскиот тим.

Со тоа 28-годишниот Нафиу по пауза од шест години одново е со ангажман во странство, откако претходно настапуваше за Скендербег, АПОЕЛ, Хамбургер и Базел.

Се вчитува...