Валтер Мацари ја презема клупата на Севилја

Италијанскиот тренер Валтер Мацари е прв кандидат за наследник на Едуардо Беризо на клупата на Севилја. Беризо доби отказ неколку дена откако се врати по операцијата за отстранување на рак на простата, а раководството на Севилја веќе го контактирале кандидатот за негов наследник.

Според „Скај спорт“ прв избор на шпанскиот тим е Мацари кој е без ангажман од минатото лето кога замина од кормилото на англискиот Ватфорд. Италијанскиот стратег веќе бил на разговори со спортскиот директор на Севилја, Оскар Ариас, и се очекува само потпис на договорот.

Освен Мацари, во комбинација за нов тренер на Севилја беа уште и Винченцо Монтела, Томас Тучел и Чави Гарсија.

Се вчитува...