Валверде: Ех, да го победевме Ливерпул…

Барселона завршува уште една година како актуелен првак на Шпанија, воедно и моментен лидер во „Ла Лига“. Ернесто Валверде сепак се уште ја нема убедено шпанската фудбалска јавност дека е вистински човек за предводник на каталонскиот гигант. Како најголем „минус“ му се земаат разочарувачките елиминации од Лигата на шампионите, па Валверде неслучајно го потенцираше поразот од 4-0 од Ливерпул како клучен момент на сезоната.

„Сите го сакаме тој трофеј во ЛШ, но за жал ни се лизнува од раце. Убеден сум дека ако го победевме Ливерпул ќе станевме европски прваци. Што се случи? Имавме резултат, создадовме убави шанси и во Англија, но примивме гол во раната фаза од мечот и му дозволивме на противникот психолошки да се крене. Истовремено, нам ни се случи сериозен пад како во Рим минатата година, ги повторивме грешките и скапо плативме за тоа“ – изјави Валверде.

Тој не го крие задоволството што има можност да работи со најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси.

„Лео е неверојатен талент, човек не може да додаде комплимент што досега не му е даден кога се говори за него. Секој ден, на секој тренинг и натпревар, тој покажува што значи фудбалска перфекција“ – истакна тренерот на Барса.

 

Се вчитува...