Пеп Гвардиола повторно остана без пехарот во ЛШ, по што неговите критичари се јавија со податокот дека каталонскиот стратег потрошил над 800 милиони евра во клубови како Баерн Минхен и Манчестер Сити, без да успее да ја донесе европската круна.
Сепак, каталонскиот стратег доби свој сојузник во тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, за кого нема дилема кој е најдобар тренер во светот.
„Ако ме прашувате кој е најдобар, мојот одговор без размислување е Пеп Гвадиола. Сега се зборува за парите што ги трошел, но тренерскиот дел е тимот да игра најдобро што можете да замислите. А тимовите на Гвардиола секогаш играле и се уште играат најубав фубал“ – изјави Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА