Валверде: Имам чувство како Нејмар да ме прогонува

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде говореше за шпекулациите дека наместо во Барселона, Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид. Тој вели дека кога и да е неговиот клуб во Мајами, се зборува за Нејмар, па почнува да мисли дека Бразилецот го прогонува.

„Нејмар во Мадрид? Ајде да видиме. И пред две години овде во Мајами говорев за него. Сега повторно се случува истото. Изгледа како да ме прогонува“, вели Валверде. 

Барселона се наоѓа на турнеја во Мајами, каде синоќа во пријателски меч го совлада Наполи на Елиф Елмас со 2-1.

Се вчитува...