Валверде: Поразите се во ред, тие прават да бидеме подобри

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека поразите кои ги забележува клубот имаат позитивна страна. Леванте по пресврт стигна до голема победа над Барселона од 3-1 во последното коло во Ла лига.

„Секако дека е голема тензијата кога ќе се изгуби. Секогаш постои притисок. Но, поразите се одлична работа бидејќи прават од нас да бидеме подобри. По загубен натпревар секогаш се обидувам да ја пронајдам вистинската причина“, изјави Валверде. 

Барселона вечерва ја очекува натпревар со Славија Прага во Лигата на шампионите.

Се вчитува...