Валверде се збогува со Барселона – Славевме победи и титули, но имавме и тешки моменти

Ернесто Валверде вчера доби отказ на кормилото на Барселона, на кое ќе го замени искусниот стратег Кике Сетиен. Денеска, Валверде преку писмо се збогуваше со тимот, раководството и навивачите на каталонскиот клуб.

„Дојде крај на моето време како тренер на Барселона. Беа неверојатни две и пол години. Во тоа време јас уживав моментите на прослави на победите и освојување на трофеите, но секако имаше и тешки моменти. Сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу и на бордот на директори кои ми дадоа шанса да го водам првиот тим на еден од најголемите клубови во светот. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите луѓе со кои работев во Барселона и на нивната поддршка во минатите две и пол години. Секако, сакам да им се заблагодарам и на фудбалерите, кои помогнаа да осовиме четири трофеи заедно. На Барселона и посакувам се најдобро во иднина со новиот тренер Кике Сетиен“, стои во писмото на Валверде. 

Кике Сетиен своето деби на кормилото на Барселона ќе го има во недела кога на домашен терен ќе ја пречекаат Гранада.

Се вчитува...