Валверде: Во Барселона се чувствувам почитуван и не се грижам за мојата иднина

Барселона одигра реми без голови против Славија Прага на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите, претходно загуби во Ла Лига од Леванте и тоа беше повеќе од доволно за тренерот Ернесто Валверде да почувствува притисок, па дури и да почнат шпекулации за негово заминување од клупата. Но, Валверде вели дека се чувствува сигурно и почитувано во редовите на шпанскиот првак.

„Не сум загрижен за мојата иднина. Пред два дена бев на вечера со претседателот Бартомеу. Се чувствувам почитуван и ја уживам неговата поддршка. Разбирам дека има критики секогаш кога Барселона нема да победи. Ако постигневме погодок против Славија Прага сега тие ќе беа мирни. Но, некогаш и ни е потребен притисок за тимот да го извлече најдоброто од себе“, изјави Ернесто Валверде.

Барселона вечерва ја пречекува Селта во 13.коло од првенството на Ла Лига.

Се вчитува...