Ван Дајк го избра најдобриот дефанзивец во историјата: Неверојатен фудбалер, беше столб во одбраната!

Вирџил Ван Дајк беше посочен како најдобар стопер во историјата од страна на Мајкл Овен, но лидерот во одбраната на Ливерпул не сакаше да навлегува во овие дебати и не излезе со одговор на оваа тема.

Сепак, Ван Дајк во интервјуто за „Скај Спортс“ откри кој за него е најдобар централен дефанзивец во историјата на фудбалот, сето тоа како продолжение на дебатата која ја отвори некогашното „златно момче“ на Ливерпул.

Ван Дајк во овој момент важи за најсигурен и најдобар стопер во светот, но кога е во прашање историјата, за него на врвот на скалилото е легендарниот Паоло Малдини.

„Почитта која ја имам кон Паоло Малдини е огромна, тој за мене е најголемиот во историјата, тој е вистинска фудбалска легенда. Беше неверојатен фудбалер и встински столб во одбраната, се што постигна со Милан е импресивно. Кога бев повреден, почнав да собирам дресови од важни играчи и имав еден негов дрес. Решив да ми се потпише. Отидов да го видам и да го прашам како се чувствува. Тој е вистинска легенда“, изјави Ван Дајк.

Се вчитува...