Ван Дајк ќе биде дел од Холандија на Европското првенство

Вирџил ван Дајк нема да може да и помогне на неговата репрезентација на престојното Европско првенство 2020 поради повреда, но еден од најдобрите стопер на денешницата ќе биде дел од холандскиот тим во текот на првенството.

Капитенот на „лалињата“ е пријавен како дел од стручниот штаб на Холандија, а оваа одлука можеше да се насети по пријателскиот натпревар против Шкотска на кој играчот на Ливерпул го помина неспоредно зад клупата на својот тим.

„Екипата сака Ван Дајк да биде со нас, без обзир на тоа што нема да игра. Неговото присуство многу значи за самодовербата на тимот“, изјави селекторот на Холандија, Ван дер Бур.

Македонија ќе се сретне во Холадија во последниот натпревар од групната фаза. Дуелот ќе биде одигран во Амстердам, а истиот е закажан за 21. јуни.

Се вчитува...