Ван Дајк откри кој му е најтежок противник

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека најтежок противник во кариерата му е Лионел Меси. Холанѓанецот на социјалните мрежи одговараше на прашања на навивачите и потврди дека аргентинскиот ас е најнепосакуваниот ривал за дефанзивците.

„„Има многу добри напаѓачи. Но, веројатно тоа е Лионел Меси“, изјави Ван Дајк. 

Поради пандемијата од коронавирусот суспендирана е Премиер-лигата во момент кога Ливерпул има 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити.

 

Се вчитува...