Ван Дајк повторно се повреди

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк доживеа нова повреда на мечот на Холандија против Норвешка, откако го дислоцираше прстот. Мечот против Норвешка беше прв за искусниот стопер во националниот дрес откако минатата година заработи тешка повреда на дуелот против Евертон во Премиер-лигата.

Инцидентот се случи на стартот на вториот дел, но капитенот на „лалињата“ се одлучи да го одигра мечот до крајот. Тој е под знак прашалник за мечевите против Црна Гора и Турција кои се во овој прозорец од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

Сепак, се очекува да биде подготвен за предизвиците во Премиер-лигата.

Се вчитува...