Ван Дајк: Салах e на врвот, но зборувајте и за Мане и Фирмињо

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, истакнува дека сите во клубот се задоволни од неговата моментална форма, но тој особено се осврна и го пофали неговиот соиграч, Мохамед Салах.

Во вторник во 21.00 часот, „црвените“ гостуваат кај Атлетико Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите, а фановите на фудбалот едвај чекаат да го проследат ова дерби.

„Резултатите беа позитивни во последно време, сите се надевавме на тоа. Меѓутоа, ако ги погледнеме самите натпревари, имаме уште многу да направиме. Истото важи и за судирот со Атлетико, мораме да бидеме најдобри што можеме. Уживаме во овој момент, но не го земаме здраво за готово“, рече 30-годишниот Ван Дајк.

Новинарите го прашаа и Ван Дајк дали Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на светот и какви се неговите шанси да ја освои „Златната топка“.

„Салах е извонреден фудбалер и тоа го покажува постојано во оваа и претходните сезони. Бројките зборуваат сами за себе, многу сме среќни што е во таква форма. Тој е дефинитивно на самиот врв, според мислењето на сите. Ние фудбалерите знаеме дека една недела можете да бидете еден од најдобрите во светот, без оглед на негативните коментари од другите. Знаеме колку Салах може да им наштети на ривалите. Сепак, имаме одличен тим. Не треба да го заборавиме и Мане, тој постигна 100 гола во Премиер лигата, треба да се зборува повеќе за тоа, бидејќи и тоа не е баш често за гледање. Фирмињо постигна хет-трик. Имаме група момци кои даваат се’ еден за друг, така што сите сме среќни кога некој блеска“, заклучи Ван Дајк.

 

 

Се вчитува...