Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не крие дека минатата сезона била големо разочарување за клубот. Холандскиот дефанзивец смета дека тимот сега има можност да покаже дека неуспехот е само лоша епизода и најавува многу посериозен пристап во новата сезона.
„За мене како фудбалер на Ливерпул, минатата сезона беше апсолутно неприфатлива. Сега ја оставаме зад нас. Имаме шанса за поправен и се надевам дека ќе ја искористиме“, порача Ван Дајк.
Ливерпул минатата сезона заврши дури на петтото место во Премиер лигата, што доведе и до промена на тренерската позиција. На клупата сега е Андони Ираола, од кого се очекува да го врати тимот во борбата за највисоките позиции.
Ван Дајк открива дека во соблекувалната постои голема желба за докажување и дека играчите се свесни за одговорноста што ја носи дресот на еден од најголемите англиски клубови.
„Мора да покажеме дека ни е грижа и дека сакаме да играме за овој грб. Привилегија е да се биде фудбалер на Ливерпул и мора да го покажеме тоа на теренот“, истакна капитенот.
Холанѓанецот позитивно зборуваше и за работата на Ираола, со кого претходно се сретна во Премиер лигата додека Шпанецот го предводеше Борнмут. Според Ван Дајк, неговиот тим минатата сезона играл одличен фудбал, а сега Ливерпул треба да ги искористи квалитетите на новиот тренер.
„Ако работиме, веруваме во себе, ги покажеме нашите квалитети и избегнеме повреди, можеме да победиме на многу натпревари и да се поправиме. Тоа е нашата цел, без разлика колку ќе биде тешко“, заклучи Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
