Ван Дајк станува најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул

Еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот, Вирџил ван Дајк ќе потпише нов договор со Ливерпул. Холанѓанецот со новиот договор ќе заработува 250.000 фунти неделно, со што ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на клубот.

28-годишниот Ван Дајк во Ливерпул стигна во 2018 година од редовите на Саутемптон за сума од 80 милиони евра. Со клубот од „Енфилд“ минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а годинава е на добар пат до освојување на трофејот во Премиер-лигата.

Покрај за Ливерпул во кариерата настапуваше и за холандскиот Гронинген и за шкотскиот гигант Селтик.

Се вчитува...