Ван Дајк: Учиме од грешките од минатата сезона

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк свесен дека неговиот тим е во добра ситуација во Премиер-лигата, но дека мора да учат од грешките од минатата сезона. Во еден момент минатата сезона Ливерпул имаше голема предност на табелата, но не успеа да стигне до долго посакуваната титула.

„Многу научивме од грешките минатата сезона. Свесни сме дека постојат уште многу работи на кои мораме да работиме. Потребна е и мала доза на среќа да пројде добро цела сезона, но јас сум задоволен од тоа во кој тек се движиме“, изјави Ван Дајк. 

Ливерпул во моментов има осум бода предност пред Лестер и Челси на првенствената табела, додека Манчестер сити е четврти со девет бода негатива.

Се вчитува...